Есен-Зима 23/24 ''Посакај магија''

Секоја ѕвезда  е нечија среќна ѕвезда која исполнува желба,посебни се оние кои блескаат за да секое дете ја доживее бајката од својата замислена имагинација.
Колекцијата ‘’ Посакај магија’ фантастичната зима ја  трансформира во магична средина исполнета со атмосферата на ѕвезденото небо.
Блескавост,елеганција,игра на удобност и уживање одѕвонуваат низ духот на фустанчињата кои започнуваат со најголема едноставност на кроеви а сепак го внесуваат забавното расположение низ светкавите детали.Тулестите суќни  комбинирани  со кошулки  ветуваат незаборавен изглед во занесното чувство на замислената фантазија.
Гламурозен пресврт доминира низ светакавите материјали претворени во  фасцинантни форми на блескави ѕвездички.
Луксузноста на колекцијата е добиена низ палетата на бои отсликани на платното каде што се испреплетуваат ѕвездените одблесоци.