Инструкции за нарачка

Напомена: Доколку сакате вашите податоци за следна нарачка да бидат зачувани, имате можност да креирате ваша сметка со која може да се најавувате или пак да ја направите нарачката без да сте најавени и да имате ваша сметка.

1.Изберете  производ што сакате да го нарачате.
До секој производ има копче „Додади во кошничка“ –кликнете на него и производот автоматски ќе биде додаден во вашата кошничка. Во кошничката можете да ставите повеќе производи, како и да ги избришете производите што ги имате додадено.

Во секој момент, во горниот десен агол на екранот можете да видите колку производ и има во кошничката и која е нивната вкупна вредност (иконата со кошничка го означува тоа). Кога ќе завршите со одбирањето на производ/и, притиснете на кошничката горе или на копчето „Погледни кошничка“ и преминете на вториот чекор од процесот.

2.Откако ќе изберете производ/и што сакате да ги нарачате и ќе притиснете на кошничката, се префрлате во корисничката кошничка. Во неа се прикажани производите што ги нарачувате, количините (кои можеш да ги смениш во секој момент) и вкупната вредност на нарачката. 
За да продолжиш кон третиот чекор од процесот на нарачка, притиснете на копчето „Продолжи со нарачката“ што се наоѓа во долниот дел од кошничка.

3.Тука ќе ги пополните податоците за Вашата нарачка кои се бараат во табелата. Плаќањето се врши на еден начин:

  • Плаќање при достава

За завршување на нарачката кликнете на копчето „Заврши ја нарачката“. За потврда на вашата нарачка ќе добиете повратен маил, на вашиот маил кој веќе го оставивте во пополнувањето податоци.