Пролет/Лето 24' Нежности

Колекција во која се зема длабока инспирација од природата на нежноста и чии фокус останува за внатрешното чуство на нежност да се преслика визуелно.
Изборот за нежност е спој со изборот на моќ што е причина за да се создадат божествени креации кои во себе носат нежни линии и нежни моменти.
Елегантни креации преовладуваат во целата приказна проследени со нежни цветни украси,меки памучни чипки и внимателно избрани удобни материјали со луксузни тулести здолништа.
Неизбежно е да ја забележите практичноста и приспособливоста на самите детали.
Вистинско несомнено уживање е палетата на пастелни нијанси внесени на слоевите тул кои го крадат центарот на вниманието.
Надополнете ги вашите незаборавни моменти со со парче што ја спојува суштината на внатрешната нежност и модерниот шарм.

 

Прикажувам 1–9 од 18 резултати