За Нас
Кои сме ние
Доколку ја барате совршената детска облека,тогаш добредојдени сте кај нас! Minie’s by sisters е бренд кој ви нуди пред се висококвалитетна, најстилска и ексклузивна детска облека.Со вас сме за да ве воодушевуваме.
Основачи на овој бренд се сестри Татјана и Тамара Маневи кои кон неговото создавање пристапија со голема љубов и одговорност како и дизајнерска обука и едукација. Брендот Minie’s by sisters започнува со пласирање на пазарот од 2020 година.
Minie’s by sisters e бренд специјализиран за изработка на свечена и секојдневна детска гардероба.
Tatjana i Tamara Manevi
Веќе подолго време малите и големи принцези ги придружуваме низ родендените, свадбите, крштевките и сите останати специјални прилики.
Вие, драги и задоволни клиенти сте секој ден во се поголем број,а тоа е нашата најголема инспирација за да направиме нови дизајни кои ќе разбудат задоволство кај секој од вас.
Minie’s by sisters моделите се изработуваат со големо внимание и љубов. Низ целиот процес на дизајнирањето особено се грижиме за удобноста и квалитетот. Материјалите кои ги користиме за изработка се исклучиво фини и квалитетнии OEKO-TEX® сертифицирани.
Постојано ги добиваме вашите фотографии,пофалби и критики.
Чест и задоволство ни е што токму ние сме вашиот избор!
Нашиот тим постојано работи неуморно за проширување на брендот.